Францускиот ветеран од екипата на Салернитана, Франк Рибери, планира предвреме да го раскине договорот со тимот и да ја заврши кариерата. Рибери кој дојде во Салернитана во септември 2021 година, веќе сериозно размислува за пензионирање.
Според дел од италијанските медиуми, Рибери не се чувствува физички подготвен за игра до крајот на сезоната, па сака да го испочитува своето тело и да се поздрави од фудбалската сцена.
Договорот на францускиот фудбалер со клубот е до крајот на тековната сезона. Оваа година, 38-годишниот фудбалер забележа 12 настапи во Серија А и реализираше 2 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА