Со четири натпревари вечерва ќе стартува плеј-офот во новата сезона во НБА лигата. И покрај тоа што на крајот го зазеде второто место во источната конференција, актуелниот шампион Бостон селтикс е прв фаворит за одбрана на трофејот.
Селтикс во првото коло на Истокот за противник ќе го имаат Орландо меџик, против кого влегуваат како први фаворити.
Најдобропласираниот тим на Истокот, Кливленд кавалирс ќе игра против Мајами хит, додека преостанатите два пара ги сочинуваат Њујорк никс – Детроит пистонс и Индијана пејсерс – Милвоки бакс.
На Западот очекуваме далеку понеизвесни плеј-оф серии. Првиот на табелата и тимот со најдобар скор Оклахома сити тандер се единствени кои што се чисти фаворити во првата рунда во серијата против Мемфис гризлис.
Никола Јокиќ и неговиот Денвер нагетс ќе имаат тешка задача против тимот кој во најдобра форма го заврши регуларниот дел од сезоната, ЛА Клиперс. Дончиќ и Леброн со Лејкерс ќе се сретнат со Минисота тимбервулвс, додека интересено се очекува да биде и во серијата меѓу Хјустон рокетс и Голден стејт вориорс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА