Со пресметката меѓу Манчестер јунајтед и Лестер вечерва од 21 часот стартува новата сезона во Премиер лигата. Сезона за која многумина сметаат дека ќе биде продолжување на ривалитетот Салах – Гвардиола кој се роди минатата година.
Минатата сезона ја запали искрата која многу европски љубители на фудбалот ја очекуваат од една од најсилните светски лиги, а сега огнот продолжува. Било да се работи за напаѓачкиот фудбал на Манчестер сити и Ливерпул, или дефанзивната тактика на Барнли кој на крајот беше пред Арсенал, или она што може да го понудат Челси и Мурињо со „црвените ѓаволи“.
Крајот на ерата на Арсен Венгер беше тажен момент, но знак и за можен нов почеток за сите оние кои сакаат да видат еден поинаков Арсенал. Многу рекорди минатата година беа соборени, почнувајќи од оние 100 освоени бода на Пеп Гвардиола и Манчестер сити па се до страшните бројки на голови и асистенции на Мохамед Салах, без дилеми најдобриот фудбалер во лигата минатата сезона.
Ангажманот на Маурицио Сари е доказ дека Челси никако нема да се откаже од напаѓачкиот стил кој малку се загуби со Антонио Конте во еден момент. А доаѓањето на Унаи Емери во Арсенал и Марко Силва во Евертон е тенденција за напаѓачки фудбал со многу пресинг и за овие два клуба. Ќе биде интересно да се види дали новите тренери во лигата ќе донесат свежина каква што се очекува. Ќе биде интересно и натаму да се следат Гвардиола и Салах верувајќи дека, заедно со оној непредвидлив Тотенхем, ќе бидат и натаму вистински магнет погледите на цела фудбалска Европа и оваа сезона сериозно да бидат насочени кон Островот.
Како и да е, не чека нова извонредна сезона! А како и не би била кога повторно е пробиена границата од една милијарда евра потрошени за засилувања. Поточно, милијарда и 400 милиони евра!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА