Хрватскиот фудбалски виртуоз Лука Модриќ ќе остане дел од Реал Мадрид и во следната сезона откако му беше продолжен договорот за една година. Со оглед на искуство тој ќе ја доби и капитенската лента и одново ќе има значајна улога во „кралскиот“ клуб. Не толку на теренот, туку ќе ја предводи соблекувалната.
А, пак според поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и подоцна спортски директор, Предраг Мијатовиќ време му е на 38-годишникот да замине во пензија.
„Имаше понуди ова лето и од други клубови, но остана. Ментално се подготви дека повеќе нема да биде незаменлив дел од првиот тим. Прифаќањето на тоа ќе го смири и него и тренерот Карло Анчелоти. Некој кој толку долго е таму тешко е да прифати дека ќе биде изоставен.
Мислам дека во декември ја сфати ситуацијата и од тогаш настојува да и помогне на екипата како што може. Не знам дали ќе игра на следното Светско првенство во 2026 година. Со Лука никогаш не се знае, но мислам дека му е време за пензија. Ако тоа е додека е во Реал Мадрид ќе биде уште подобро“, вели Мијатовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

