Врховниот суд ја одби жалбата: Меси 21 месец „условно“ во затвор

Лионел Мес не успеа во намерата преку жалба да ја намали казната изречена во судскиот процес против асот на Барселона поради затајување на данок. Врховниот суд денеска ја отфрли жалбата на најдобриот светски фудбалер, по што остана на сила условната казна од 21 месец затвор, поради скандалот за затајување на милионски суми во кој беше вмешан аргентинскиот репрезентативец.

Добра вест за Меси е што тој нема да мора да мине ниту ден во затвор бидејќи според шпанските закони, случаите со финансиски криминал за кои има пресуда помала од две години, завршува со условна казна поврзана со неповторување на делото.

Фудбалерот на Барселона како парична казна ќе треба да плати два милиони евра, додека татко му Жорге Меси ќе треба да плати 1,3 милиони евра.

Врховниот суд делумно ја уважи жалбата на таткото на Меси, кому поради фактот дека веќе вратил дел од затаените пари му беше намалена казната на 15 месеци условна затворска казна.

Се вчитува...