Баерн Минхен вчера загуби на дербито за титулата од Баер Леверкузен, и направи огромен чекор назад во битката за трофејот во Бундеслигата.
„Баварците“ не само што беа поразени, туку беа надиграни и целосно разбиени од „фармацевтите“ кои грабат кон титулата. За Баерн ова беше третиот пораз во првенството, откако сезонава загубија и катастрофално од Ајнтрахт Франкфурт, а потоа и од Вердер Бремен на домашен терен.
Баерн не игра добро оваа сезона, и тоа е евидентно. Го загуби шампионскиот сјај, а тоа најдобро го покажува и нервозата во тимот за време на дербито во Леверкузен.
Така камерите го „уловија“ крилниот играч Лерој Сане како ја крши камерата во мрежата. Во германските медиуми се шпекулира дка Сане веќе одамна има незадоволство од односот на Томас Тухел кон екипата.
Дека не цветаат рози во таборот на Баерн, покажува фактот што еден од најскапите трансфери на клубот, Матијас Де Лихт најавил заминување на крајот на сезоната. Де Лихт оваа сезона не е во прв план, а доволен доказ е вчерашниот меч, кога Тухел се реши да му даде шанса на Даер, на сметка на Холанѓанаецот кој остана на клупата.
Токму Де Лихт уште откако дознал дека нема да биде стартер, најавил средба со челниците на „Баварците“ и најавил напуштање на клубот по завршување на сезоната.
Effects of Thomas Tuchel.
pic.twitter.com/h5N0ccgUeA
— 𝐕𝐀𝐑
(@Ziyechman) February 11, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА