„Врие“ во Израел: Кошаркарите не можат да ја напуштат земјата, стоп за Евролигата

Воениот конфликт меѓу Израел и Иран што беше обновен денеска предизвика тотален хаос и на спортски план. Сите домашни првенства во кошарка, фудбал и ракомет се блокирани, а веќе е испратен и допис до Евролигата дека Хапоел и Макаби нема да можат да ги играат своите домашни средби на израелско тло, иако пред само два месеци конечно се вратија да бидат домаќини во татковината.

Неофицијално, постигнат е договор овие два клуба да се вратат во старите градови, Макаби да биде домаќин во Белград, а Хапоел во Софија, но сега постои друг, сериозен проблем – како кошаркарите да го напуштат Израел и да се упатат кон Србија и кон Бугарија.

Воздушниот простор над Израел е целосно затворен и сигурно ќе остане таков уште некоолку дена, па сега се бара начин тимовите да се евакуираат со брод, да стигнат до Египет или Јордан, па оттаму авионски да се упатат кон крајните дестинации.

Сето ова се случува во пресрет на меѓусебниот дуел што Хапоел и Макаби требаше да го одиграат во Тел Авив, како израелско евролигашко дерби на израелско тло, нешто што сега дефинитивно нема да биде случај.

Се вчитува...