Врие во Јуве, навивачите се бесни: Смешен тренер и играчи, а управата никаде ја нема…

Тензична е атмосферата во Јувентус по големата криза што го тресе најтрофејниот италијански клуб. Доаѓањето на Тијаго Мота требаше да даде нов импулс, но екс-тренерот на Болоња не се снајде најдобро во оваа функција, тимот се мачи да создаде препознатлив стил на игра, а резултатите се очајни.

По елиминацијата од ЛШ од ПСВ Ајндховен и поразот од Емполи во Купот на Италија, навивачите решија дека е време да го кренат својот глас.

Стотици фанови на Јуве се собраа пред тренинг-базата, истакнувајќи транспарент: Отсутна управи, смешен тренер и играчи, изморени сме од вашите ср..а“.

Потоа, навивачите продолжија со пеење на песни со кои го навредуваа Мота, но и дел од клупската управа… Тензијата е се поголема, а останува да се види дали овој протест ќе ја разбуди екипата за конечно да заигра како што се очекува од неа.

 

Се вчитува...