„Врие“ во Лацио, Лотито се закани: Ќе летаат глави…

Лацио игра многу слабо сезонава, римскиот клуб за момент се разбу и влезе во позитивна серија, но таа беше прекината викендов со поразот на гостувањето против Салернитана.

Првиот човек на „лацијалите“, Клаудио Лотито, дефинитивно го загуби трпението, па јасно му порача на тренерот Маурицио Сари дека мора експресно да се врати на победнички патеки, почнувајќи од дуелот со Селтик.

„Не може да ни се случуваат вакви работи, загубивме од Салернитана која во своите редови имаше само еден вистински ривал, Антонио Кандрева. Веќе не можам да трпам, нешто ќе се менува или ќе летаат глави, нема трета опција. Сакам да видам реакција на теренот, да не остане само на зборови. Немам што да говорам за тактиката, главниот проблем ни е што немаме став и карактер на теренот“, порача Лотито.

Сари и Лотито беа во конфликт во текот на летниот преоден рок кога тренерот се жалеше на недоволна активност од страна на управата, на крајот беа доведени неколку нови засилувања, па сега притисокот е врз Сари да ги оправда тие инвестиции.

Се вчитува...