Тензична е атмосферата во таборот на Мерцедес на стартот од новата Формула 1 сезона, откако стана јасно дека британскиот тим нема болид што ќе биде конкурентен за титулата. Луис Хамилтон долго размислуваше дали воопшто да вози сезонава, на крајот ја прифати понудата, но седумкратниот Ф-1 првак сега се сомнева во исправноста на донесената одлука, па влезе и во отворен конфликт со тимскиот шеф Тото Волф.
Слабите перформани на болидот на Мерцедес се потврдија и на вчерашните квалификации за трката на Имола, на кои Хамилтон го освои само 13. место.
Веднаш потоа тој бесен се упати кон тимската гаража и почна разговор со Волф, кој пак не му остана должен на Хамилтон и јасно стави до знаење дека не е задоволен ниту од возењето на Британецот, исто како што Луис не е задоволен од својот болид.
„Сите заедно потфрлиме како тим денеска. Имаше работи што требаше да ги направиме, но не го сторивме тоа и ја искомпликувавме ситуацијата. Сега ни претстои трката, на која ќе се обидеме да поправиме она што може да се поправи и да стигнеме до што подобар пласман. Што се однесува до разговорот со Волф, тоа е внатрешна комуникација во тимот и нема да откријам за што зборувавме. Ќе продолжиме да работиме заедно, тоа е што е“, истакна Хамилтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА