Милан пропушти одлична можност да му се приближи на Интер и да ја направи поинтересна трката за скудетото откако „росонерите“ загубија со 1-0 на гостувањето против Лацио.
За одбележување беше одлуката на Алегри при резултатска негатива да го повлече од игра Португалецот Рафаел Леао, кој видно разочаран го напушти теренот. Алегри по мечот изјави дека Леао бил незадоволен од соработката со соиграчите, кои можеле подобро да го проиграат во одредени ситуации во второто полувреме, а „Газета дело Спорт“ открива дека конфликтот продолжил и во соблекувалната.
Кристијан Пулишиќ бил фудбалерот на кого Леао бил особено бесен, обвинувајќи го американскиот офанзивец дека намерно не му ја додавал топката кога бил во можност опасно да го загрози голот на „лацијалите“.
Пулишиќ возвратил, па двајцата тргнале еден на друг во соблекувалната, но физички конфликт спречил тренерот Алегри.
Милан во следното коло ќе го пречека Торино, па интересно ќе биде да се види дали Алегри повторно ќе стартува со Пулишиќ и со Леао во првите единаесетмина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

