„Врие“ во Ниш: Ивановиќ исклучен, Партизан ја гази Црвена Звезда (видео)

Жешка е атмосферата на полуфиналето на Купот на Србија во Ниш меѓу Црвена Звезда и Партизан, откако тренерот на „црвено-белите“, Душко Ивановиќ беше исклучен поради војната со судиите од која излезе како губитник.

Тој жестоко реагираше откако не беше досуден прекршок врз Петрушев во втората четвртина, а откако продолжи со критиките и пцовките и по покажаната техничка грешка, Ивановиќ доби и исклучувачка грешка и мораше да биде испратен кон соблекувалните.

Партизан игра далеку подобро во првите 20 минути од овој натпревар и на одмор замина со предност од 44-34.

Се вчитува...