Шокантно слаб е стартот на новата сезона на Партизан, откако „црно-белите“ не победија на три од првите четири средби од српското првенство, а синоќа беа елиминирани и од квалификациите за Лигата на Европа од тимот на АЕК Ларнака.
Немили сцени се случија по завршувањето на синоќешниот дуел во Белград, откако навивачите не им дозволија на фудбалерите да се упатат кон соблекувалната.
Наместо тоа, „Гробари“ бараа од своите миленици да пеат песни против управата и да бараат смена на дел од директорите во клубот. Кога играчите не се согласија со тоа, еден од навивачите се симна од трибина пред нив и влезе во конфликт со капитенот Урошевиќ.
По триесетина минути стоејќи пред трибината на „Гробари“ и слушајќи најразлични навреди, фудбалерите на крајот добија дозвола да се упатат кон соблекувалната.
Igrači Partizana krenuli da izlaze sa terena, navijači sa fantomkama ih vratili nazad. pic.twitter.com/oLvsSxZMWO
— Sportcomm (@Sportcomm2) August 11, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА