„Врие“ во Партизан: Мијатовиќ против остатокот од управата!

Случувањата во Партизан веќе подолго време не наликуваат на функционирање на сериозен фудбалски колектив, но се чини дното беше допрено во изминатата седмица.

Големата финансиска „дупка“ мораше да биде покриена со продажба на фудбалер, па така Андреј Костиќ беше продаден на Милан за 3,5 милиони евра, по што беше добиено зелено светло од финансиската контрола на УЕФА. И до тука, се е нормално… освен што потпретседателот за спортски прашања, Предраг Мијатовиќ, се јави со критики до своите соработници кои воопшто не го известиле дека Костиќ е продаден.

Циркусот продолжи доцна синоќа, кога остатокот од управата на клубот се јави со соопштение со кое тргна во офанзива против Мијатовиќ, обвинувајќи го дека со месеци наназад нема никаков однос со членовите на Управниот Одбор, а не ги врши најдобро ниту сопствените работни задачи (му било доделено да раководи со трансферите во јануарскиот преоден рок, во кој Партизан беше исклучително тивок). „Црно-белите“ го обвинија Мијатовиќ и за обид за сериозни финансиски малверзации, земање на кредит од шведски инвестициски фонд, и тоа со сериозно високи каматни стапки и проценти од следни трансфери…

Јасно е, Партизан не може да продолжи да функционира на ваков начин. Затоа, се очекува разврска во најскоро време, бидејќи за тимот да се врати на посакуваните патеки неопходно е единство меѓу упраата. Нешто што сега дефинитивно не е случај.

Се вчитува...