Катастрофална е атмосферата во тимот на Тотенхем откако „спарси“ загубија на гостувањето против Борнмут со 3-2, и тоа со примен гол во 95. минута од Антоан Семењо за продлабочување на резултатската криза на „спарси“.
Навивачите жестоко ги исвиркаа фудбалерите по последниот свиреж на овој меч, а по дуелот капитенот Кристијан Ромеро реши да го крене гласот – и ја прозва управата на Тотенхем како одговорна за она што се случува.
Иако не спомена директно, Ромеро не го криеше разочарувањето од отказот на Постекоглу неколку дена по освоениот трофеј во Лигата на Европа.
„Извинување до сите навивачи кои не следат секаде, кои беа тука за нас и секогаш ќе бидат. Ние сме одговорни, нема сомнежж околу тоа и ќе сториме се за да ја освртиме оваа ситуација. Во вакви тешки моменти за клубот, некои други луѓе треба да излезат пред јавноста и да кажат нешто, тоа се случува со години наназад. Но, тие не го прават тоа… Се појавуваат само кога работите одат добро, ќе кажат неколку лаги, ќе ја нарушат атмосферата и ќе си заминат. Ние ќе останеме тука, ќе работиме заедно и нема да се откажеме“, порача аргентинскиот дефанзивец кој има над 140 натпревари во дресот на „спарси“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

