Врие во Вардар: Блокиран влезот на тренинг кампот на „црвено-црните“ во Хиподром

Во последните неколку недели имаше спротивставени информации од профилот на Фејсбук на ФК Вардар, до официјалната веб страница и Твитер на клубот. Така ако на Фејсбук се објавуваше за некое засилување, стигнуваше демант од самиот клуб, како што беше случајот и со Едиз Спахиу во прв момент.

Дека тој тренд продолжува, покажува и денешниот ден на првата прозивка на ФК Вардар во тренинг центарот во Хиподром. На профилот на Фејсбук има фотографија во која се гледа собрани официјални лица на маркетинг тимот на „црвено-црните“, кои го блокираа влезот на тренинг кампот.

„Денес од страна на извршниот директор Миленко Неделковски, беше денесена одлука со која се забранува влез на официјалните лица на Маркетинг тимот на клубот, спротивно на договорот потпишан помеѓу ,,здружението 35 години Вардарци” и сопственикот Атила Бижен Жалили. Поради тоа, во моментот се случува блокада на тренинг кампот, а целта на собраните е целосно почитување на одлуките произлезени од договорот, од страна на извршниот директор Миленко Неделковски“, стои во објавата.

Се вчитува...