Хрватска оствари сензационален триумф (3-0) над Аргентина во второто коло од групата Д и веќе се пласира во осминафиналето на Светското првенство во Русија. „Коцкестите“ беа импресивни во дуелот со Аргентина, комплетно надигрувајќи го фаворизираниот ривал. Иако селекторот на „гаучосите“, Хорхе Сампаоли, истакна дека Аргентина доминирала и покрај убедливиот пораз, следеше контра-удар од хрватскиот репрезентативец Шиме Врсаљко.
„Можеби тој гледал некој друг натпревар, јас само видов како Аргентинците паѓаат на терен и плачат како девојчиња. Бевме подобри, а тие ќе мораат многу подобро да се потрудат, ако воопшто и го поминат првиот круг. Сега вратите ни се широко отворени и ќе се трудиме да стигнеме што е можно подалеку. Горд сум што го носам дресот на Хрватска, сите момци беа одлични. За Лука не сакам да зборувам, без такви како него фудбалот не би бил интересен“, изјави еуфорично, Шиме Врсаљко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА