Врсаљко потпиша: Чест ми е што доаѓам во гигант како Интер

Шиме Врсаљко во текот на вчерашниот ден ги мина лекарските прегледи и официјално го потпиша договорот со Интер, комплетирајќи го транферот од редовите на Атлетико Мадрид. Хрватскиот десен бек во новиот клуб ќе го носи дресот со број два и се очекува да биде стандарден во тимот на Лучијано Спалети.

„Многу сум среќен и горд што доаѓам во гигант како Интер. Имам искуство од Италија бидејќи веќе настапував за Џенова и Сасуоло, па нема да ми треба време за адаптација. Многу разговарав со Перишиќ и со Брозовиќ, ми кажаа се најдобро за Интер и едвај чекам да ја пчнам новата авантура“ – истакна Врсаљко по потписот на договорот.

Интер ќе плати 6,5 милиони евра за позајмицата на Хрватот, а „нероаѕурите“ наредното лето ќе можат да го откупат неговиот договор со Атлетико за дополнителни 17,5 милиони евра.

Се вчитува...