Вртоглави суми: Премиерлигашите „тежат“ повеќе од 8 милијарди евра, двојно повеќе од останатите Топ 5 лиги!

Составите на клубовите од Премиерлигата „тежат“ повеќе од 8 милијарди евра што е двојно повеќе од било која друга топ лига во Европа. Имено, според извештајот на ‘CIES Football Observatory’, Англичаните се наоѓаат далеку на врвот на табелата пред Серија А (3.3 милијарди евра), Ла Лига (3.2 милијарди), Лига 1 (2.6 милијарди) и Бундеслигата (2.3 милијарди евра).

Притоа, гигантите од Манчестер, Сити и Јунајтед се наоѓаат на врвот на табелата со состави од повеќе од 1 милијарда евра, зад нив следи ПСЖ со 939 милиони евра. Во првите пет се и Реал Мадрид (787 милиони) и Челси (780 милиони), а по нив се: Ливерпул, Јувентус, Арсенал, Барселона и Тотенхем со состави од 500-700 милијарди евра.

Германскиот гигант Баерн Минхен е дури на 13. место со состав од 421 милион евра, додека Борусија е 18. на табелата со состав од 346 милиони евра. Во првите 30. клуба од Премиерлигата се наоѓаат и Евертон, Лестер, Астон Вила, Вулверхемптон, Вест Хем, Њукасл, Кристал Палас, Саутемптон и Брајтон.

Се вчитува...