Врв на кариерата: Емил Рајковиќ на клупата на ЦСКА!

Македонскиот кошаркарски стручњак Емил Рајковиќ е голем фаворит за тренерското место во ЦСКА Москва, откако рускиот гигант го избрал токму нашиот стратег за наследник на Итудис.

Денеска и официјално стана јасно дека ЦСКА нема да биде дел од Евролигата наредната сезона, дел од клучните кошаркари си заминаа од клубот, но „армејците“ планираат повторно да состават квалитетен ростер со кој би атакувале на трофеите во домашното првенство и во ВТБ-лигата.

Емил Рајковиќ имаше одлична сезона со тимот на Автодор Саратов, екипа со која бележеше извонредни резултати во ВТБ-лигата, како и во европските натпреварувања, но го напушти клубот по почетокот на воениот конфликт. За услугите на одличниот македонски стручњак се интересираат екипи од различни делови на Европа, но јасно е дека понуда од гигант како ЦСКА доаѓа еднаш во кариерата и Рајковиќ e подготвен да ја прифати истата.

Се вчитува...