Врвен играч не значи и добар тренер: Пирло е пред отказ и во Сампдорија

Андреа Пирло е најновиот во низата примери дека врвните фудбалери несекогаш можат да имаат и успешни тренерски кариери, откако поранешниот фудбалски генијалец имаше многу слаб старт на сезоната во Серија Б на чело на Сампдорија.

Тимот на Самп важи за еден од фаворитите за влез во елитата, но во првите три кола оваа екипа освои само еден бод, па челниците на клубот веќе најавиле дека се подготвени за разделба од Пирло. Поранешниот фудбалер на Милан, Интер и Јувентус не се снајде најдобро во оваа улога, па ќе мора да го напушти кормилото. Италијанските медиуми објавија дека Сампдорија веќе почнала преговори со други тренери, а главна желба на клубот е е Аурелио Андреацоли, кој во јануари беше отпуштен од Емполи.

Пирло првата тренерска работа ја имаше во Јувентус, каде стигна до трофеј во Купот на Италија, но под негово водство беше прекината доминацијата од девет скудета во низа на „старата дама“, по што тој по една година го напушти кормилото на најтрофејниот италијански клуб. Потоа Италијанецот замина за Турција каде седеше на клупата на Карагумрук, но и таму не се прослави, па по само една сезона доби отказ иако имаше потпишано двогодишен договор.

Се вчитува...