Врвна класа: Един Џеко го изедначи рекордот на Роналдо стар 24 години

Един Џеко ова лето премина од редовите на Рома во Интер, а со себе ја понесе и фантастичната голгетерска форма. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина блеска на почетокот на сезоната и во досегашните седум натпревари за „нероаѕурите“ постигна шест погодоци.

Со тоа го изедначи рекордот на Бразилецот Роналдо кому тоа му помина од рака во дебитантската сезона 1997/98.

Џеко во својата богата кариера одигра вкупно 646 натпревари во сите натпреварувања, постигна 298 подогоци, а 133 пати асистираше до своите соиграчи.

Се вчитува...