Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА организираше судиски тренинг камп на кој предавач и инструктор беше главниот кондициски тренер и тренинг експерт за елитни фудбалски судии во УЕФА, професорот Вернер Хелсен.
ФФМ тренинг кампот за нашите судии го организираше според највисоките УЕФА стандарди. На тродневниот семинар беа опфатени најновите методи и технологии за тренинг. Македонските судии имаа можност одблиску да се запознаат со методите на работа кои ги користи и применува УЕФА во подготовката на судиите за елитната Лига на шампиони, европските и светските првенства.
Судиите кои учествуваа на тренинг кампот успешно ги минаа теоретските и практичните задачи, потврдувајќи дека можат да се носат со најсовремените предизвици кои ги носи нивната работа.
Позитивна оцена за постигнатото на тренинг кампот даде и врвниот експерт од УЕФА, професор Вернер Хелсен, нагласувајќи дека повеќе од 200 судии од нашата држава кои се вклучени во процесот, заслужуваат честитки за трудот и постигнатите резултати. Прогресот е препознаен од УЕФА, а ФФМ ќе продолжи да го надградува во рамки на федерацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА