ВТА ги објави номинациите за најдобра тенисерка за 2019 година

Лидерката на ВТА, Ешли Барти ја предводи листата од пет имиња која ја објави светаката асоцијација за изборот на најдобра тенисерка за 2019 година. Заедно со Австралијката на списокот се и Бјанка Андреску, Симона Халеп, Наоми Осака и Каролина Плишкова.

Покрај ова признание, ВТА ќе додели и уште неколку награди. Аманда Анисимова, Софија Кенин, Алисон Риске, Белинда Бенчич, Женг Саисаи и Дона Векиќ се во конкуренција за наградата  – тенисрка со најголемо подобрување во оваа година. Бенчич заедно со Светлана Кузњецоива и со Бетани Матек-Сендс се во игра за признанието повратничка на годината.

Бјанка Андреску  и Коко Гоф се фавортки за признанието – ново име на годината за кое се тркаат и Каролина Мучова, Елена Рибакина, Ига Свјатек и Дајана Јастремска. За добитничките на наградите  гласаат преставници на медиумите. Лауретките ќе бидат прогласени на 11. декември.

 

 

Се вчитува...