ВТА го објави календарот за првата половина на 2021 година

Раководството на женската тениска асоцијација ВТА, го одобри календарот за натпреварување во првата половина на 2021 година, односно до 11. јули.

Откако претходно беа објавени првите седум недели, со новиот „апдејт“ додадени се уште 20 седмици. Сезоната почнува со турнирот во Абу Даби, а засега последниот турнир во календарот е Вимблдон.

Првиот грaнслем во сезоната Австралија опен е закажан за од 8. до 21. февруари, Ролан Гарос почнува на 23. мај, додека Вимблдон на 28. јуни.

Во првиот дел од сезоната се наоѓаат и четири турнири од серијата ВТА 1000 (Дубаи, Мајами, Мадрид и Рим), Најголем проблем се јавува при организацијата на турнирот во Индијан Велс, кој е прв голем турнир по Австралија опен. Од раководството на ВТА велат дека се надеваат дека ќе може да му најдат термин во останатиот дел од сезоната.

Се вчитува...