Втор ден со новиот формат на Лигата на шампионите. А, веќе првиот ден со новиот формат донесе рекордна победа на еден тим и рекорден број постигнати голови на еден меч. А, трагичната негативна историја за Динамо Загреб во чии редови играат македонските фудбалери Стефан Ристовски и Аријан Адеми.
Се уште денеска низ фудбалска Европа се зборува за оние 9-2 на Баерн Минхен против „модрите“ од Загреб, и таа култна средба која засекогаш ќе остане запишана во аналите на европскиот фудбал.
Денеска, пак, деби во елитното натпреварување ќе има дури за три клуба. Слован Братислава, Болоња и шпанската Џирона во чии редови свое деби чека и македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.
Џирона и Миовски ќе имаат исклучително тешка задача на гостувањето против ПСЖ во Париз, посебно по оној тежок пораз на домашен терен (1-4) од Барселона во Ла Лига.
Слован Братислава, пак, оди против Селтик во Глазгов, исто така со тешка задача, а Болоња пред своите навивачи го пречекува Шахтјор.
Најинтересниот натпревар вечерва е дуелот во Манчестер меѓу Сити и Интер, за кој се врзува само едно прашање – Дали гостите од Милано ќе може да го запрат силниот налет на Ерлинг Халанд и неговата нереална голгетерска низа.
Норвежанецот во првите четири кола од сезоната постигна дури девет гола!
Интер е досега најголем предизвик за четата на Пеп Гвардиола која не признава ништо помалку од трофеи во сите натпреварувања оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА