Втор гол за Швајцарија, европскиот првак пред елиминација (ВИДЕО)

Иако Италија беше на потег и требаше да се враќа од негатива по првиот дел во дуелот со Швајцарија во Берлин, сепак, на стартот од второто полувреме нов шок за европскиот првак. Само неколку секунди по првиот свиреж, Варгас со прекрасен гол го „раздрма“ италијанскиот состав, и со тоа сега Швајцарците имаат 2-0.

Италијанците ќе мора брзо да постигнат гол ако сакаат да се вратат во натпреварот, затоа што се целосно шокирани од овој втор гол.

Првиот гол го постигна Фројлер во 37. минута од средбата. Италија игра бледо, неубедливо, и заслужено се пред елиминација.

Се вчитува...