Втор меч со Грција: Овие мечеви секогаш носат посебен набој, секако дека сакаме да победиме

ЕКИПА во Солун,

Стеван Цаневски

Македонските ракометари денеска повторно ќе излезат на мегдан со Грција (17.30 часот, сала Микра во Солун), како дел од ноемврискиот двомеч за подготовките за ЕП 2024.

„Црвено-жолтите“ вчера одиграа натпревар со многу осцилации, во кои имаа пет гола предност на почетокот од вториот дел, но потоа се враќаа од „минус два“ и со голот на Ненад Костески стигнаа до реми.

„Кога се игра пријателски натпревар се настојува да се воиграат што повеќе тактички замисли, но овие мечеви секогаш носат посебен набој, што е добро, бидејќи ќе донесат плус за нашата репрезентација. Секако, сакаме да победиме, се надевам дека тоа ќе се случи на овој втор натпревар“, изјави селекторот Кире Лазаров.

Во однос на составот, Лазаров денеска шанса ќе му даде на Марко Кизиќ на местото на Томовски, а во тимот ќе го нема ниту Цветан Кузманоски, кој заработи повреда на вчерашниот натпревар.

„Така одлучивме со стручниот штаб, јас секогаш инсистирам на двајца голмани на секој меч, иако Грците би ни дозволиле да настапиме и со тројца во Солун. Кизиќ вчера беше на трибините, денеска ќе биде во тимот заедно со Никола Митревски, кој е наш прв голман“, изјави селекторот Лазаров.

Се вчитува...