Љубителите на боречките вештини го видоа вториот најбрз нокаут во историјата на УФЦ во тешка категорија.
Суринамецот Жаиржињо Розенструик до осмата победа во осмата борба во ММА кариерата стигна за само девет секунди. Неговиот противник Ален Краудер веднаш тргна во напад, но загуби рамнотежа и падна по што Розенструик веднаш го нокаутираше, потоа дополнително задавајќи му уште два удари.
УФЦ рекордер и натаму е Тод Дафи кој на УФЦ настанот 102 го нокаутираше Тим Хаг за само седум секунди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА