Македонската машка кадетска кошаркарска репрезентација забележа нов пораз на подготовките за престојното Европско првенство. Како и вчера, подобра беше репрезентацијата на Црна Гора која овој пат славеше со 75-62.
Црногорците овој пат го контролираа мечот од самиот почеток до крај, веќе по првите 10. минути имаа двоцифрена предноста која беше преголем залак за избраниците на Пепиќ до крајот на средбата.
Чучунов со 16 поени беше лидер на Македонија. Него го следеа Сотир со 14 поени и Гиновски со 12.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

