Втор загубен натпревар во вториот меч на БВА Балканскиот шампионат У16 во Плевља за пионерките на Македонија во дуелот со Турција, 0-3 (10-25, 17-25, 15-25). Турчинките се покажаа како пресилен ривал за нашите млади надежи.
Македонија како и вчера против Црна Гора, имаше лошо отворање на дуелот, и скоро цел прв сет се обидуваше да ја стабилизира својата игра. Посериозен отпор тимот на селекторот Горан Славков понуди во вториот и третиот сет.
Македонија утре во третото коло ќе се соочи со Грција, во 15.30 часот, во спортскиот центар „Ада“ во Плевља.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

