Втор пораз за македонските ракометарки во контролата со Србија

Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе и втор пораз од Србија во контролниот двомеч што се одигра во Скопје, без присуство на публика и на медиуми. Србинките во вториот меч што се играше денеска во СЦ „Јане Сандански“ славеа уште поубедлива победа со 43:27 (18-15). Во првиот меч во Автокоманда, резултатот беше 35-29.

Македонија на овие контролни натпревари настапи без капитенот Елена Ѓоргиевска и без Марија Николиќ. Ѓоргиевска дојде на сибирот, но мора да паузира поради повреда на коленото, а Николиќ исто така паузира по операцијата на коленото.

makedonija

makedonija 2

Овој контролен двомеч се одигра во склоп на репрезентативните подготовки во неделата на ЕХФ. Македонската репрезентација во јуни ја очекува бараж-дуелот со Шведска за пласман на СП 2017 во Германија, а Србија во баражот ќе игра против Италија.

Се вчитува...