Прилепскиот прволигаш Победа, загуби на денешниот пријателски натпревар против Спартак Суботица (1-3), одигран на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.
Тимот од Војводина беше подобар противник во текот на целиот натпревар и веќе во првото полувреме го реши натпреварот, доаѓајќи до предност од 0-2. Во вториот дел, прилепчани постигнаа еден погодок, преку Гешоски со удар од белата точка, на што следуваше уште еден гол во мрежата во тимот на Зоран Штерјовски за конечни (1-3).
На првиот пријателски натпревар одигран во Охрид, Победа ремизираше со второлигашот Новаци (1-1), а на претходниот меч забележа пораз од Борац Чачак (1-3).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА