Сениорската ракометна репрезентација на Македонија ја забележа и втората победа над селекцијата на Босна и Херцеговина, победувајќи вечерва со 35-31 во мечот што беше затворен за публика во салата „Автокоманда“ во Скопје. Избраниците на Лино Червар на полувремето имаа предност од 19-17, а во вториот дел стигнаа до четири позитива по истекот на 60-те минути.
По вчерашниот триумф во СТЦ „Кале“, македонските ракометари, кои вечерва без поддршката од младите сили, Талески, Нелоски и Велковски, повторно беа подобар противник од БиХ.
Капитенот Кире Лазаров беше најефикасен во нашиот национален тим со седум постигнати гола, а Столе Стоилов запиша шест погодоци зад своето име. Во редовите на БиХ, Вегар беше стрелец на осум гола, а Врањеш постигнат пет.
Утре се игра и третиот од серијата подготвителни мечеви меѓу овие две ракометни селекции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА