Манчестер јунајтед е клубот кој најмногу профитираше во изминатата 2017 година, и покрај тоа што „црвените ѓаволи“ не настапуваа во Лигата на шампионите. Според најновите истражувања на „Делојт“ ревизорската фирма, Јунајтед одново е пред Реал Мадрид на листата на најбогати клубови, втора година во низа, а овие два клуба всушност во последните 21 години се менуваат на првата позиција.
Во 2017 година Јунајтед направи приход од вкупно 676.3 милиони евра, Реал мадрид заработи 1.7 милиони евра помалку (674.6 милиони евра). Топ 5 – листата ја комплетираат Барселона со 648.3 милиони евра, Баерн Минхен со 587.8 милиони евра и Манчестер сити со 527.7 милиони евра.
Арсенал е на шестото место со 487.6 милиони евра заработка, седморангиран на оваа листа е ПСЖ со 486.2 милиони евра, потоа следи англискиот шампион Челси осми со 428 милиони евра, а по „сините“ се Ливерпул со 424.2 милиони евра и Јувентус со 405.7 милиони евра годишен приход.
Доминацијата на англиските клубови е поради огромниот приход од ТВ правата, па затоа во Топ 20 уште се најдоа и Тотенхем, Лестер, Вест хем, Саутемптон и Евертон. Од останатите лиги тука се и Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Интер, Шалке и Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА