Екипата на Ангели ја продолжи успешната серија од стартот на Втората лига откако триумфираше на пресметката со Борец Баскет со убедливи 83-56. Ова беше дуел на два тима кои беа непоразени во пресрет на викендов, но „ангелите“ од Кисела Вода доминираа од самиот почеток, на полувреме водеа со 52-25 и уште еднаш ја истакнаа својата кандидатура за влез во елитата. Максим Митевски со 23 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, во чии редови 14 поени постигна Миновски.
Пет победи во пет натпревари, но во западната група имаат кошаркарите на Чаир 2030. Во ова коло чаирчани беа подобри од екипата на Спарта (83:69). Победа со која ја задржаа предност во однос на Хераклеа која пак излезе како победник во најинтересниот меч во овој круг. Против екипата на Тетекс ТТК, битолчани славеа со минимални (62:60), доволни за прв пораз на тетовци од почетокот на оваа сезона во Втората лига.
Во победнички ритам се и екипите на Шкупи и на Феникс 2010. Со минимални (76:74), втората екипа од Чаир го совлада Баскет КАМ, додека пак Феникс 2010 без проблеми го победи вториот тим на Куманово (78:49).
На останатите мечеви од Западот, и две „стотки“. Ги реализираа кошаркарите на Охрид во дуелот со Пелистер Медика Карта (105:88), и екипата на Партизан Водно Санс против Риниа (102:73).
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО
ИСТОК: Про Баскет – Струмица 58:64, МКК Куманово – Ролинг 92:71, Куманово 2 – Феникс 2010 49:78, Ангели – Борец Баскет 83:56, Шкупи – Баскет КАМ 76:74
ТАБЕЛА: Ангели 10, Борец Баскет 9, Шкупи 7, Феникс 2010 7 (-1), Струмица 7, Баскет КАМ 5, Куманово-2 5 (-1), Про Баскет 5, Ролинг 08 5, МКК Куманово 3 (-2)
ЗАПАД: Хераклеа – Тетекс ТТК 62:60, Охрид – Пелистер М.К. 105:88, Спарта – Чаир 69:83, Мега Баскет – Спорт Тим 96:52, Ринија – Партизан Водно Санс 73:102
ТАБЕЛА: Чаир 2030 10, Хераклеа 9, Охрид 8, Партизан Водно Санс 7 (-1), Тетекс ТТК 7 (-1), Пелистер Медика Карта 7, Спарта 6, Риниа 6, Мега Баскет 7, Спорт Тим 5,
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА