ВТОРА ЛИГА: Башкими го доби дербито со Брегалница за крај на есента, и се вклучи во трката за Прва лига

Башкими триумфираше против Брегалница со 2-1 во последното есенско коло од Втората македонска фудбалска лига, со што се вклучува со водечките две екипи на табелата во трката за промоција во прволигашкото друштво следната сезона.

Кумановци поведоа со голот на Хамза Меметриза во 43. минута од средбата, а на 2-0 зголеми Хусеин Демири во 50. минута од натпреварот. Стрелец на голот за Брегалница беше Давид Калпачки во 64. минута.

Натпреварот во Струмица меѓу Беласица и лидерот Македонија ЃП доцнеше 30 минути поради силен дожд. По 70 минути игра, Македонија ЃП има водство од 0-3.

Убедлива победа од 5-1 славеше Арсими против Вардар Неготино, а убедлив беше и Охрид пред своите навивачи победувајќи со 4-1 против Борец.

Натпреварот меѓу Каменица Саса и Скопје беше прекинат во 71.минута при резултат 1-1, откако неслужбени лица од надвор го нападнаа голманот на Скопје, Гоце Јовчев, при напуштање на теренот откако претходно доби црвен картон.

Вардарски во Богдански успеа да ја запише првата победа по враќањето во второлигашката конкуренција, во 15. коло сезонава триумфирајќи со 2-1 против екипата на Осогово.

Стрелци на головите за Вардар беа Филип Радевски во 30. минута и Илија Баламов во 74. минута, а голот на Осогово беше автогол на Христијан Бејков во 54. минута од средбата.

ВТОРА ЛИГА – 15. КОЛО
Арсими – Вардар Неготино 5-1
Беласица – Македонија ЃП 0-3 (70. минута од натпреварот)
Охрид – Борец 4-1
Башкими – Брегалница 2-1
Победа – Детонит Плачковица 0-0
Новаци – Кожуф 0-0
Каменица Саса – Скопје 1-1 (прекинат во 71. минута)
Вардарски – Осогово 2-1

Се вчитува...