Башкими е тимот што најмногу профитираше од новата рунда во Втората лига откако кумановци по голема борба славеа над Детонит Плачковица со 3-2. Иако на полувреме имаа негатива, фудбалерите на Башкими најдоа начин да направат целосен пресврт и да триумфираат со 3-2, за скок на второто место на табелата.
Во прилог на кумановскиот второлигаш оди и резултатот од дербито на колото, во кое Арсими и Македонија ЃП ремизираа без погодоци, по што Арсими падна на третата позиција.
Брегалница како гостин го совлада тимот на Охрид со голот на Иванов во судиското продолжение, Новаци го декласираше Скопје со 4-0, додека дербито на истокот меѓу Саса и Осогово заврши со победа на домашниот состав од 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

