Фудбалерите на Беса со убедлива победа од 4-0 над Охрид и теоретски го обезбедија својот прволигашки статус од следната сезона.
Хет-трик постигна Емир Скендери, а конечниот резултат го постави Октај Ракипи во 69. минута, со што официјално означи Првата лига за својот тим.
И Пелистер запиша лесна победа во пресметката со Тетекс од 3-0 пред своите навивачи. Со головите на Бојан Спиркоски во 4. минута, Симеон Христов во 21. минута и Благоја Љамчевски во 52. минута битолчани дојдоа до нови три бода.
Третопласираната Детонит Плачковица на домашен терен не успеа да го совлада тимот на Каменица Саса ремизирајќи без голови.
Арсими со 2-0 го победи Башкими, со головите на Аљбин Рамадани во 18. и Емран Рамадани во 60. минута од средбата.
Скопје ремизираше (1-1) со Победа, а Вардар Неготино славеше убедливо со 3-0 против Осогово.
Беласица славеше со 0-4 против Караорман со головите на Никола Талески, Петар Гугуљанов, Костадин Капсаров и Александар Милушев. Кожуф го победи Новаци со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА