ВТОРА ЛИГА: Беса го победи Пелистер среде Битола, Детонит Плачковица се проби на второ место

Повеќе од интересни натпревари во 11. коло од Втората македонска фудбалска лига, кое донесе промени во водечките три позиции на табелата.

Во дербито на колото водечката Беса славеше со 1-2 на гостувањето против Пелистер во Битола, па сето тоа го искористи Детонит Плачковица која со победата од 3-0 против Новаци се проби на втората позиција на табелата.

Охрид ремизираше (1-1) на гостувањето против Каменица Саса, па сега на четвртата позиција е на само еден бод од Пелистер.

Тетекс, пак, загуби на гостувањето од Арсими со 2-1, како и Башкими кој беше поразен со 3-1 на гостински терен против Скопје во Автокоманда.

ВТОРА ЛИГА – 11. КОЛО
Пелистер – Беса 1-2
Арсими – Тетекс 2-1
Детонит Плачковица – Новаци 3-0
Скопје – Башкими 3-1
Каменица Саса – Охрид 1-1
Караорман – Осогово 2-0
Кожуф – Беласица 1-1
Вардар Неготино – Победа 3-2

Се вчитува...