ВТОРА ЛИГА: Беса и Пелистер со „нула“ во дербито…, дури 10 гола на мечот во Тетово

Беса и Пелистер одиграа натпревар без голови во дербито на 26. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Двете водечки екипи во второлигашката конкуренција, одиграа тактички натпревар во кој на крајот очигледно и двете страни задоволни со освоениот бод.

За разлика од дербито, пак десет гола беа видени на дуелот меѓу Тетекс и Арсими кој заврши со победа на гостите од 4-6. Интересно, седум од овие десет гола беа постигнати уште во првото полувреме.

Детонит Плачковица триумфираше со 0-1 на гостувањето против Новаци, a Охрид и Каменица Саса ремизираа (1-1) на „Билјанини извори“.

Осогово со гол во последните секунди од мечот дојде до победа од 2-1 против Караорман.

ВТОРА ЛИГА – 26. КОЛО
Беса – Пелистер 0-0
Тетекс – Арсими 4-6
Охрид – Каменица Саса 1-1
Беласица – Кожуф 2-0
Башкими – Скопје 0-0
Новаци – Детонит Плачковица 0-1
Осогово – Караорман 2-1
Победа – Вардар Неготино 1-1

Се вчитува...