Во Велес, кошаркарите на Борец баскет излегоа како победници во дуелот со Партизан Водно Санс (100:90). Одличен почеток имаа домашните кошаркари, првата четвртина ја добија со убедливи (30:18). Но во втората гостите од Скопје вратија со иста мерка, реализираа дури 36.поени, и преминаа во водство (54:49).
Но во второто полувреме Борец баскет покажа поголема стабилност, и играчка и резултатска и стигна до четврттиот последувателен триумф кој ги оддржува на делба на првата позиција заедно со екипите на Соколи 1933, Црн Дрим и Ангели (скор 4-1).
Со 26.поени младинскиот репрезентативец Стојковиќ ја предводеше петорката на домашни играчи кои имаа двоен поентерски ефект. Искусниот Штерјов даде 19, Карталовиќ имаше 18, а Чадамов и Петровиќ уште по 13.поени.
Победа запиша и екипата на Охрид, која пред своите гледачи во салата „Билјанини извори“ беше многу подобра од МЗТ Скопје Уни Банка (74:53).
Многу работи беа решени уште во текот на првите 20.минути во кои охридскиот второлигаш се стекна со убедлива предност (38:21), која беше недостижна за младиот состав од Аеродром.
Капитенот Бојовски постигна 20.поени, Стојаноски дојде до 19, а Димитриевски забележа уште 12.поени во домашниот тим за кого ова е втор триумф во пет одиграни натпревари.
Во гостинската, Масевски беше реализатор на 20.поени, а Величковски дополни со уште 10.
РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО
Охрид – МЗТ Скопје Уни Банка 74:53
Борец баскет – Партизан Водно Санс 100:90
Ангели – Академија ФМП 79:55
Бутел – Црн Дрим 64:73
Мега баскет – Работнички 2018 83:78
Маџари – Соколи 1933 81:96
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА