Втора лига: Брегалница е на врвот

Брегалница е нов лидер на второлигашката табела откако штипјани славеа на денешното гостување против Вардарски со 1-2. Домашниот тим изненади поведувајќи уште во првата минута преку Терзиев, но гостите од Штип направија целосен резултатски пресврт триумфирајќисо 1-2 благодарение на погодоците на Калпачки и на Абази.

Македонија ЃП го испушти првото место откако „лавовите“ одиграа само 0-0 на гостувањето против Новаци, а до бод од екипите кои атакуваат на највисок пласман стигна и Кожуф, со ремито од 1-1 на гостувањето против Скопје.

Со идентични 1-1 заврши и пресметката меѓу Башкими и Беласица во Куманово, Охрид со минимални 1-0 триумфираше над Вардар Неготино, Саса беше сигурна на домашен терен против Борец Велес (2-0), а Детонит како гостин дојде до цел плен во Кочани против Оогово (1-3).

Се вчитува...