ВТОРА ЛИГА: Брегалница ја освои Струмица во дербито на Истокот, „лавовите“ сигурни на врвот

Брегалница успеа да победа на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица против Беласица со 0-1 на дербито на Истокот во 15. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Со тоа штипјани ја продолжуваат битката за врвот на првенствената табела со Македонија ЃП која денеска убедливо со 5-0 пред своите навивачи триумфираше против Вардар Неготино.

Зоран Ивановски со голот во 33. минута од натпреварот ја донесе победата за Брегалница во Струмица.

Башкими исто така го одржува ритамот со врвот победувајќи со 1-0 против Кожуф. Кумановци до победата дојдоа со автоголот на Никола Најдовски во 12. минута. Идентична победа од 1-0 запиша и Арсими против Борец со голот на Албин Рамадани уште во 4. минута од натпреварот.

Детонит Плачковица триумфираше со 1-3 на гостувањето во Охрид, а Скопје со 0-2 ја победи прилепска Победа. Најубедливите победи ги запишаа Каменца Саса против Вардарски (5-1) и Новаци против Осогово (5-0).

ВТОРА ЛИГА – 15. КОЛО

Арсими – Борец 1-0
Башкими – Кожуф 1-0
Беласица – Брегалница 0-1
Каменица Саса – Вардарски 5-1
Македонија ЃП – Вардар Неготино 5-0
Новаци – Осогово 5-0
Охрид – Детонит Плачковица 1-3
Победа – Скопје 0-2

Се вчитува...