ВТОРА ЛИГА: Брегалница на лидерската позиција, Македонија ЃП и Башкими ја следат

Штипска Брегалница ја задржа лидерската позиција во Втората македонска фудбалска лига откако во денешното 7. коло триумфираше пред своите навивачи со екипата на Кожуф.

Давид Стојков во 21.минута беше стрелец на победничкиот гол за „сините“.

Во чекор Брегалница продолжуваат да ја следат и Македонија ЃП која славеше на домашен терен против Осогово со 2-0, како и Башкими кој триумфираше 3-1 со Победа.

Охрид ја запиша и третата едноподруго победа по промената на тренерот, овој пат од 3-1 против Новаци, а без победник (2-2) заврши дуелот меѓу Борец и Скопје.

ВТОРА ЛИГА – 7. КОЛО
БАШКИМИ – ПОБЕДА 3-1
БЕЛАСИЦА – КАМЕНИЦА САСА 2-2
БОРЕЦ – СКОПЈЕ 2-2
БРЕГАЛНИЦА – КОЖУФ 1-0
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – ВАРДАР НЕГОТИНО 1-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – ОСОГОВО 2-0
ОХРИД – НОВАЦИ 3-1
АРСИМИ – ВАРДАРСКИ 3-0

Се вчитува...