ВТОРА ЛИГА: Брегалница повторно кон врвот, користејќи ги ремијата на „лавовите“ и Башкими

Брегалница повторно се доближува бодовно до врвот во Втората македонска фудбалска лига откако во 22. коло славеше со 0-2 на гостувањето против Кожуф во Гевгелија, а притоа користејќи ги ремијата на водечките Македонија ЃП и Башкими.

Штипјани до победата дојдоа со головите на Попоски во 15. минута и Килафи во 57. минута од средбата.

Македонија ЃП, пак, ремизираше на гостувањето против Осогово во Кочани, а Башкими одигра натпревар без голови против Победа во Прилеп.

ВТОРА ЛИГА – 22. КОЛО
Кожуф – Брегалница 0-2
Скопје – Борец 2-1
Каменица Саса – Беласица 1-2
Новаци – Охрид 2-1
Осогово – Македонија ЃП 0-0
Победа – Башкими 0-0
Вардар Неготино – Детонит Плачковица 0-0

Се вчитува...