Втора лига: Чаир 2030 е „есенски шампион“, Соколи 1933 и Вардар ги следат чаирчани

Изминатиот викенд на кошаркарските терени во Македонија беше комплтирано 11. коло од Втората лига со што беше ставен крај на првиот дел од натпреварувањето, а по него „есенски шампион“ е екипата на Чаир 2030 кој доживеа само еден пораз.

Избраниците на Рамадан во последниот меч во годината славеа со 89-84 над Шкупи во соседското дерби со што стигнаа до двоцифрен број на победи. Зад чаирчани следат Соколи 1933 кои со триумф од 84-101 на гостувањето кај минатогодишниот прволигаш Црн Дрим стигнаа до 20 освоен бод во првенството.

На победа се радуваше и треттопласираниот Вардар кој го доби неизвесниот натпревар во „Билјанини извори“ против Охрид со 83-84, а до нови гостински победи стигнаа Борец Баскет кој го доби мечот во Битола против Хераклеа со 72–86, и Струмица која славеше во Тетово против Тетекс со 69-77.

Домашниот терен го одбрани Баскет Кам во кој „Кирил и Методиј“ славеше против Партизан Водно Санс со 91-72.

Натпреварувањата во Втората кошаркарска лига продолжуваат на 29. јануари.

Се вчитува...