ВТОРА ЛИГА: Детонит го победи Пелистер во дербито, Беса „гази“ кон Прва лига!

Детонит Плачковица триумфираше против Пелистер во дербито на 19. коло од Втората македонска фудбалска лига, и повторно се врати во игра за втората позиција на табелата која носи следната сезона во елитата. Беса, пак, сигурно „гази“ кон Првата лига победувајќи убедливо со 0-3 на гостувањето против Каменица Саса.

Детонит Плачковица триумфираше на домашен терен против Пелистер со 1-0, со голот на Стефан Бабунски уште во 19. минута од средбата.

Филип Алексовски во 5. и во 74. минута и Христијан Драгарски во 35. минута стрелаа за Беса на гостувањето против Каменица Саса во победата од 0-3.

Извонредна гостинска победа забележа Охрид кој со 0-1 славеше против Вардар Неготино. Стрелец на голот за охриѓани беше Филип Димоски во 69. минута од натпреварот.

Гостинска победа запиша и Скопје со 0-1 против Караорман со голот на Мердиан Рамадани во 85. минута, а без голови завршија дуелите во Струмица и во Кочани.

Новаци и Тетекс одиграа натпревар без победник (1-1). Новаци поведе во 80. минута со голот на Стефановски, но само една минута подоцна Дејан Цветаноски израмни за Тетекс.

РЕЗУЛТАТИ – 19. КОЛО
Вардар Неготино – Охрид 0-1
Беласица – Башкими 0-0
Детонит Плачковица – Пелистер 1-0
Каменица Саса – Беса 0-3
Караорман – Скопје 0-1
Кожуф – Арсими 0-2
Новаци – Тетекс 1-1
Осогово – Победа 0-0

Се вчитува...