Втора лига добива сериозна конкуренција: Димчевски го засили Маџари

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Ивица Димчевски во продолжението од сезоната ќе го носи дресот на амбициозниот второлигаш Маџари.

Во таборот на тимот од Гази Баби се сели од Феникс 2010 каде настапуваше во последните три години. Претходно беше дел и од Вардар, Торус, Куманово, Работнички, Струмица, Кожув, Гостивар и Еуро Никел.

Маџари кој е третопласиран на второлигашката табела со скор од осум победи и три порази и оваа сезона претендира за висок финиш и пласман во „елитата“ на македонската кошарка.

Се вчитува...