Втора лига: Домаќините го одбранија својот дом

Битката за пласман во „елитата“ на македонската кошарка започна со победи на фаворитите кои не дозволија изненадување и го одбранија домашниот терен во првиот четвртфинален натпревар.

Во првиот натпревар од серијата Вардар славеше со 68-66 над Баскет Кам, Соколи 1933 го добија дуелот против Струмица со 69-63, додека Борец Баскет и Чаир 2030 славеа со убедливи победи. Штипјани го добија Шкупи со 97-61, додека чаирчани славеа со 105-78 против Партизан Водно Санс.

Со тоа Вардар, Соколи 1933, Борец Баскет и Чаир 2030 се најдоа на чекор до пласман во следната фаза, но за истото ќе мораат да слават и на гостувањ

Се вчитува...